gogo

A+ R A-


Крива Паланка доби нов плоштад и општинска зграда

Во пресрет на големиот христијански празник „Успение на пресвета Богородица“, кој масовно се прославува во манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, граѓаните на Крива Паланка добија нов плоштад -„Карпошово востание“. Плоштадот се протега на површина од 750 м2 и ќе може да ги прими илјадниците гости кои се очекува деновиве да ја посетат Крива Паланка. Поплочувањето е извршено 90% со светол гранит и 10% со темен гранит, а изведена е и фонтана. Вредноста на зафатот е 290.000 евра, обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Буџетот на општината.
-Граѓаните на Крива Паланка заслужуваат еден ваков убав плоштад, на кој ќе се случуваат низа културни манифестации. Минатиот викенд тука се одржа фестивалот „Џои-фест“, во моментот се одржува фолклорниот фестивал, а во четврток и петок очекуваме многу гости за прославата на големиот христијански празник – истакна градоначалникот Арсенчо Алексовски.
Денеска во Крива Паланка беа свечено отворени и новите административни простории на Општината. Објектот во кој се смести локалната власт е реновиран и дограден по пат на јавно – приватно партнерство. Од вкупно 1.000 метри квадратни на општината и припаѓаат 475 метри квадратни, а остатокот се деловни простории на скопската фирма „Мијоли“, која во зградата вложи 550.000 евра. Општина Крива Паланка го обезбеди проектот и градежното земјиште, а воедно инвеститорот го ослободи и од плаќање комуналии.   Оливер Арсовски 

alt

фото - Ѓорѓи Костовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.