gogo

A+ R A-


Крива Паланка го славеше денот на компирот

altВикендов по втор пат се одржа манифестацијата „Паланечка компиријада“, посветена на далеку познатиот кривопаланечки компир. Овој празник на компирот привлече голем број посетители од целата земја, дојдени да дегустираат специјалитети, разновидни јадења, солени и слатки деликатеси со компир направени од вештите раце на домаќинките.
-Паланечката компиријада се одржа по вторпат и заслужува да стане традиционална, зашто компирот е вистински амбасадор на Крива Паланка. Тој е неизбежен продукт на секојдневната кривопаланечка трпеза, одгледан во еколошка средина, се издвојува со својот вкус и еден од најквалитетните компири во земјава што го бараат бројни потрошувачи, вели Весна Ќурчиќ - Величковска, иницијатор на оваа манифестација.
Програмата на Компиријадата опфати штандови со изложени специјалитети од компир, презентирање  познати специјалитети од компири, текстови  за компирот како амбасадор на Крива Паланка, натпревар во брзо лупење на компир и натпревар во лупење на најдолга лушпа од компир, а паланчани имаа можност да слушнат и за благотворните својства на компирот и неговото користење како лек.

Манифестацијата се организира под покровителство на општина Крива Паланка, во соработка со Градскиот музеј, на Денот на големиот верски празник „Свети Димитрија“.

На североистокот на земјава постојат извонредни услови за одгледување на компир, а кривопаланечкото поднебје е идеално за одгледување на добро познатите бел и црвен компир. Компирот од Бела Вода и Калин Камен на Осоговските Планини е надалеку прочуен по својот квалитет и заслужува да прерасне во бренд. О.Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.