gogo

A+ R A-


Меѓународен конкурс за карикатура: „Мажот како колатерална штета во односот снаа – свекрва”

altОпштина Крива Паланка и авторот на Меѓународниот конкурс Невестинско поклонение на свети Теодор-тирон, Стојанче Величковски, го распишаа Меѓународниот конкурс за карикатура на тема „Мажот како колатерална штета во односот снаа-свекрва”.

Според критериумите за пријавување еден автор може да учествува со максимум четири бестекстуални карикатури, а со пополнување на формулар учесникот потврдува дека авторското дело е негова лична интелектуална сопственост.

Делата се доставуваат исклучиво во електонска форма со кратка биографија на авторот. Краен рок за пријавување е 20 јануари 2016 година, а на истиот датум ќе бидат објавени и резултатите.

Пристигнатите творби ќе ги оценува жири комисија составена од еминентни карикатуристи од Македонија и Бугарија, како и Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка, Стојанче Величковски, графички дизајнер, автор на конкурсот и Драган Величковски, директор на Градски Музеј – Крива Паланка.

Најдобрите три карикатури ќе добијат награди и тоа: прва награда „Трофеј Невестулка” и парична награда од 250 евра, втора награда , диплома и 200 евра и трета награда – диплома и 150 евра. Жирито ќе додели и специјална награда за најдобра колекција.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.