gogo

A+ R A-


Одбрани 12 карикатури од конкурсот „Снаа-свекрва“

Жири комисијата задолжена за оценување на пристигнатите творби на вториот Меѓународен конкурс за карикатура „Снаа-свекрва“ во Крива Паланка, ги оцени делата и ги одбра најдобрите 12 карикатури.

alt

На годинашниот конкурс пристигнале 150 дела од 80 автори од 30 земји од светот, а ги оценуваше жири комисијата во состав Милан Алешевиќ од Словенија, минатогодишен носител на гран-при наградата од конкурсот, Јовчо Савов од Бугарија, еминентните македонски карикатуристи Никола Ангелковски и Јордан Поп-Илиев, авторот на конкурсот Стојанче Величковски, градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, во својство на организатор и директорот на ЛУ „Градски музеј“, Драган Величковски.

- Конкурсот има специфична и универзална тема, што е повод автори од 30 земји од целиот свет да учестуваат, а со тоа, се промовираат и нашата општина и Македонија, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Тој напомена дека во разговорите со претставници од општините збратимени со Крива Паланка, договорено е гостување на изложба со карикатурите во овие градови.

- Првичната селекција на пристигнатите творби е негативна, од 150 селектираме 100, а од нив 52, од кои на веб-страницата од конкурсот во следните 365 дена ќе бидат поставувани карикатури на неделата. Во понатамошната селекција одбираме 12 најдобри карикатури, кои ќе бидат наменети за карикатури на месецот, а од нив, со тајно гласање ќе бидат одбрани наградените и добитникот на наградата „Невестулка“, информираше авторот на конкурсот, Стојанче Величковски.

Резултатите од жирито ќе бидат објавени на прес- конференција од  организацискиот одбор на културната манифестација „Невестинско поклонение на св. Теодор Тирон“, село Конопница, Крива Паланка и покровителот, општина Крива Паланка.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.