gogo

A+ R A-


Општина Крива Паланка ги награди првородените деца во 2016-та со 6.000 денари

bebinja6

Локалната самоуправа на општината додели парична награда од 6.000 денари на првите бебиња жители на Крива Паланка, информираат од општината.

Бидејќи во здравствениот дом „Димитар Арсов“ во Крива Паланка не функционира породилно одделение, првородените бебиња паланчани се родиле во Куманово и Скопје.

Станува збор за машко дете, син на Драгица Алексовска од кривопаланечкото село Дренак, роден во Општа болница Куманово на втори месецов и девојче родено на истиот датум, ќерка на Сашка Алексовска од село Кошари која се породила на Гинеколошко-акушерското одделение при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Двете се жители на Крива Паланка.

Парична награда е доделена и на машко дете, син на Габриела Алексовска од село Узем, која се породила како итен сучај на гинеколошкото одделение во Крива Паланка на деветти јануари.

Согласно одлуката донесена од страна на Советот на општина Крива Паланка седма година по ред градоначалникот Арсенчо Алексовски им доделува симболична сума средства на првите жители на општината.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2902
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела9267
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец37177
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16264764
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.