gogo

A+ R A-


Почна седмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски”

osogovskiteatarВо Крива Паланка синоќа почна седмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ кој ќе трае до 23 септември. Свеченото отварање на фестивалот беше означено со кревање на фестивалското знаме пред националната установа Центар за култура, Крива Паланка каде што се одржуваат сите десет фестивалски вечери.

Годинашниот фестивал започна со осврт на богатото и плодно творештво на лауреатот на фестивалот , познатиот македонски драматург, критичар и дипломат, Јордан Плевнеш, по што и свечено му беше доделено признанието „Лауреат за 2015 година“.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, изјави дека е горд што од основањето на фестивалот до сега , до седмото фестивалско издание, истиот прераснува во манифестација која привлекува голем број еминентни театарски имиња од регионот.
– Од почетоците досега постојано гостуваат етаблирани театарски групи од Македонија и соседството, а лауреати на фестивалот се еминентни македонски имиња од театарскиот свет. Во наредните десет дена Крива Паланка ќе живее во духот на театарската уметност со гостите од пет Балкански земји од разбирливо, блиско до нас, говорно подрачје. И оваа година влезниците имаат симболична цена, а средствата како и изминатите години, во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Крива Паланка, ќе бидат донирани во хуманитани цели-истакна Алексовски.
На отворањето присуствуваа заменик министерот за култура Драган Недељковиќ, Ив Робер, претстедател на Европската пијано програма на Европската унија-проект за Македонија, претставници од МПЦ, пратеникот во Собранието на РМ од Крива Паланка, Слаѓана Митовска, директорот на Националната установа „Музеј-Куманово“, Анита Цветановска,  и останати гости од јавниот живот во општината.
Фестивалската програма на седмото издание на Меѓународниоттеатарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ покрај претстави ќе понуди и промоции на дела од театарската уметност.
Програмата започнува вечерва во 20 часот, со претставата „ Ранет орел“ во изведба на актерите од Народен театар „Лесковац“, Република Србија, утре со почеток 12 часот ќе се одржи промоцијата на делото „ Од обред до театар“ на Тихомир Стојановски, а вечерта настапува „Театар комедија“ со турската приказна „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски.
На 17 септември настапува Уметничка работилница „Призор“ од Белград, Србија со претставата „Цимери“, на 18 септември, петок, се прикажува „ Кариеристи“ во изведба на општински народен театар „Невена Коканова“ од Дупница, Бугарија. Во сабота, во 12 часот ќе се одржи промоција на драмскиот текст „9“ на авторот Гоце Ристовски, а во сабота вечерта настапуваат „Арт маркетинг“- продукција во копродукција со„МНТ“ со претставата „Алма малер“.
Во недела настапуваат актерите од Народен театар „Херцег Нови“, Република Црна Гора со „Не сме ние од вчера“, во понеделник Народен театар „Стерија“ од Вршац, Република Србија со „Лаги и паралаги“, во вторник , 22 септември , настапува Градски театар „Јоза Ивакиќ“, од Винковци, Хрватска со претставата „Не се моткај разголена наоколу“, а фестивалската програма ќе ја затворат младите кривопаланечки актерски надежи од драмското студио при Националнатаустанова „Центар за култура“ – Крива Паланка со изведбата на „Чорбаџи Теодос“ на Васил Иљоски, во режија на професоркатаЛиле Стојановска и младиот Кривопаланечки режисер, раководител на студиото, Глигор Цветковски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.