gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Пробиштипјанец и Паланчанец загинаа од задушување во српски рудник

altВо рудникот „Леце“ во околина на Медвеѓа на југот од Србија, синоќа околу 23 часот, се пронајдени беживотните тела на двајца македонски државјани, кои биле вработени во тој рудник.

Според српските медиуми, раководството на рудникот потврдило дека настрадале македонските државјани З.П. (48) и Т.Н. (53), едниот од Пробиштип, другиот од Крива Паланка.

Според сведоци, несреќата се случила за време на минирањето на еден дел во рудникот. Еден од рударите, кој бил во иста смена со настраданите, изјавил дека македонските рудари не се повлекле навреме при минирањето и се задушиле од гасовите во јамата.

Според други сведоци, еден од настраданите македонски државјани, кој бил надзорник, се симнал во јамата по минирањето со колегата, иако бил предупреден да не го прави тоа. По пронаоѓањето на рударите, лекарите од Домот за здравје во Медвеѓа констатирале смрт. Истрагата е во тек, а телата на загинатите рудари ќе бидат пратени на обдукција. Двајцата македонски државјани во рудникот „Леце“ работеле околу четири години.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1398
mod_vvisit_counterВчера5401
mod_vvisit_counterОваа недела11638
mod_vvisit_counterМинатата недела33770
mod_vvisit_counterОвој месец66231
mod_vvisit_counterМинатиот месец116442
mod_vvisit_counterВкупно10095121
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.