gogo

A+ R A-


Шеесетидвегодишната Катица Борисовска дел од експедицијата која се искачи на Килиманџаро

alt

Шеесет и двегодишната Катица Борисовска од Крива Паланка беше дел од деветчлената македонска експедиција која се искачи на Килиманџаро, највисокиот врв во Африка.

Катица е активен планинар 15 години, а досега учествувала во повеќе експедиции за искачување на планинските височини во Европа и Азија.

- Планинарам од 1998 година, поактивно од 2001, а досега сум учествувала на повеќе искачувања на планинските височини, на Качкар, на Арарат во Турција, Елбрус во Русија, на Карпатите во Романија, рута која иако не е висока, сепак напорна, а желба и предизвик да го „освојам“ Килиманџаро имав од поодамна. Блиските, пред се, семејството ме поттикнаа и поддржаа да ја остварам намерата и желбата. Среќна сум што денеска можам гордо да кажам дека на 62 години се искачив на височина од 5.895 метри на еден од седумте светски врвови, рече Борисовска.

Се чувствува добро. Вели, искуството е неоописливо, неповторливо доживување е секое искачување.

alt

- Беше напорно, сосема поинакви услови од овдешните, а последните 1.000 метри ги качувавме во зимски услови. Ми требаше малку време да се адаптирам овде, но се чувствувам одлично и апелирам до помладите да се охрабрат и да бидат планинари, планината нуди неповторливи доживувања. Јас во поодмнати години секоја година го искачувам Олимп, ги имам искачено сите врвови во Бугарија, во Словенија, редовно планинариме во Србија и нашата земја, но доколку ме послужи здравјето планирам следната година да бидам дел од експедицијата за искачување на Аконкагва, во Аргентина, додаде Борисовска.

Искажа благодарност до своето семејство и пријателите кои најмногу и помогнале и морално и финансиски, апелираше до сите млади да започнат да се занимаваат со планинарство, бидејќи движењето подразбира здравје.

Во акцијата за искачување на Килиманџаро учествуваа 16 планинари, најбројни беа Македонците, деветмина, потоа планинари од Албанија, како и по еден од Србија и Австрија.

Акцијата се спроведе во организација на Балканската планинарска федерација и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, а водич на експедицијата беше Живко Темелковски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1836
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела8201
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец36111
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16263698
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.