gogo

A+ R A-


Соседска пресметка во Крива Паланка завршила со секирче по глава

НККР Крива Паланка поднесе кривична пријава против лицето М.Д. (72) од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

mvr

Во петокот околу 08.00 часот на м.в. „Тодорин камен “, атар на с. Луке, пријавениот, заедно со лицето Б.С. од Скопје, отишле со секири со намера да ги исечат водоводните црева кои што поминувале низ нивните имоти, а воделе кон куќата на друго семејство и се нивна сопственост.

Кога пристигнале на местото на настанот започнале да ги сечат цревата, но во тој момент наишла М.Н. и им рекла да не го сечат цревото затоа што машината и била вклучена, да почекале да испере па после да сечат.

На тоа пријавениот М.Д. и рекол дека и неа ќе ја исече како цревото, по што со секирчето ја удрил во пределот на главата и и нанел телесна повреда од која паднала на земја во безсознание.

Пријавениот и Б.С. после тоа си заминале.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.