gogo

A+ R A-


Вечерва започнува „Кривопаланечко културно лето“

http://republika.mk/wp-content/uploads/2014/10/%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0.jpgСо настап на пет пејачки групи, вечерва (петок, 20 ч.) ќе започне манифестацијата „Кривопаланечко културно лето“. Летово жителите на крајниот североисток ќе проследат богатата културна понуда која ја приреди локалната самоуправа на Крива Паланка.
-Настапот на акробатите од „Баскерфест“ е увертира на богатата и разновидна културна понуда на „Кривопаланечко културно лето“, манифестација која ја организираме во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Националната установа Центар за култура-Крива Паланка. Манифестацијата „Кривопаланечко културно лето“ ќе биде отворена на 10 јули со „Осоговска староградска вечер“, а во текот на летото ќе следуваат бројни настани од областа на културата – рече Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.
Благодарение на гостите од соседството, годинава манифестацијата ќе има интернационален шмек. Србија ќе ја претставуваат „Хисарлије“ од Лесковац, а од Бугарија доаѓа составот „Малка серенада“ од Шумен. Ќе настапат и домашниот состав „Распеани паланчани“, „Камелија“ од Свети Николе и „Градски хор“ од Штип.   Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.