gogo

A+ R A-


Во Крива Паланка се одржа манифестацијата „Среќна баба Марта“

Манифестација „Среќна Баба Марта“ посветена на старата традиција за месец март се одржа во Крива Паланка во организција на Локалната установ Градски Музеј-Крива Паланка во соработка со општина Крива Паланка и „Хаемус“, Центарот за научни истражувања и промоција на културата од Скопје.

alt– Ова е традиционалан меѓународна изложба „Среќна Баба Марта 2017“ која во соработка со музејот како локален партнер се пресели во Крива Паланка. Во градската уметничка галерија изложени се мартинки од подрачјата на Македонија, Бугарија и Романија, има предавање, работилница за деца и документарец. Се надевам дека овој, по малку подзаборавен обичај, ќе го заживееме повторно во Крива Паланка, изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.

Професор д-р Зоранчо Малинов од Институтот за Фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје вели дека мартинките како прастари амајлии изработени од волнен или друг вид текстил, најчесто во црвено-бела комбинација, се поврзуваат со древно-Тракијското население кое егзистирало во централниот и источниот дел на Балканскиот Полуостров, рече Малинов.

Според него, ден-денес егзистираат како традиционални амајлии присутни најчесто во источниот дел на Балканот, најмногу во Бугарија, Македонија, Романија и Молдавија.

– Благодарение на таа жива традиција одржана до денешни времиња пред неколку години на иницијатива на Романското министерство за култура ова кутурно наследство е поставено на репрезентативна листа на УНЕСКО и очекуваме да стане четврто-нематеријално, но мултинационално културно наследство од Македонија на листа на УНЕСКО, додаде Малинов.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.