gogo

A+ R A-


Во Крива Паланка се одржа првата фестивалска вечер на „Гоце Фест 2016“

altНа сцената во НУ Центар за култура во Крива Паланка под покровителство на општината синоќа се одржа првата вечер на 27. издание на фестивалот „Гоце Фест 2016“.
– Четврта година во низа Паланчани имаа можност да проследат една од трите фестивалски вечери на најпознатиот фестивал на нови родољубиви и патриотски песни „Гоце Фест“, изјави Александар Рангелов, директор на Центарот за култура – Крива Паланка.
На првата вечер од фестивалот беа промовирани нови родољубиви и патриотски песни со фолклорна мелоритмика од богатото историско минато на македонскиот народ.
– Познатите пејачи од нашата фолк-естрада и наши пејачи од дијаспората придонесоа убавото национално чувство да биде присутно во сечие срце, а кино-салата беше исполнета до последно место, рече Рангелов.
Организатор на фестивалот е Ансамблот на народни песни и ора „Гоце Делчев“. Традицијата првата фестивалска вечер да се одржува во Крива Паланка почна во 2013 година.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3286
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела9651
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец37561
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16265148
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.