gogo

Oki kom baner

A+ R A-


15-та пензионерска музичка ревија во Кратово (ВИДЕО)

Околу 200 пензионери од Кратово, Крива Паланка, Куманово и скопските општини Центар, Аеродром и Чаир, покажаа дека животот во седмата и осмата деценија може да биде интересен и полн со уживање. Шесте пензионерски здруженија денес со песни, ора, кавали и тапани се претставија пред кратовската публика, како дел од манифестацијата „Пензионерска ревија на четвртиот регион“. Околу два часа ечеше музика и се виеја ора по кратовските сокаци, а потоа секое друштво се претстави со музичка точка.

alt
-Големо задоволство е да се биде дел од овие пензионерски средби. Пеам неколку години како пензионер и сум гостувал во Тетово, Гостивар, Крива Паланка, во Универзална сала. Кога отидов во пензија, веднаш отидов да пеам во хорот „Борец“, каде бевме 57 пеачи – вели стариот кратовчанец Петко Марковски.
-Кога човек ќе замине во пензија, тогаш почнува животот. Тогаш пензионерот има своја слобода, има свое задоволство, сам си го прави распоредот на живеење. Ако и има фамилија, уште посреќен е – вели пензионерот Ангел од Аеродром.

Присутните пензионери ги поздрави градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, и претседателот на Созујот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски. Тие им посакаа на пензионерите добро здравје и многу весели мигови во животот. На крајот беа поделени благодарници и признанија на сите учесници, а беа избрани и најдобрите кои ќе се претстават на државната пензионерска ревија.
Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1285
mod_vvisit_counterВчера5237
mod_vvisit_counterОваа недела32480
mod_vvisit_counterМинатата недела37197
mod_vvisit_counterОвој месец142241
mod_vvisit_counterМинатиот месец313655
mod_vvisit_counterВкупно8566459
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.