Монографијата „120 години Кратовски тамбураши“ од Методи Мишевски како авторот,
преставува уникатно дело од областа на историографијата и од областа на
фолклористиката. Таа го обработува периодот од повеќе од еден век, поточно од
крајот на 19 век, целиот 20 век, па се до денес.
За старата градска музика во нашата република многу малку е пишувано, и многу
малку е истражувано и пишувано за Кратово. На еден систематски редослед, по
повеќегодишно истражување и собирање на материјали, монографијата го прикажува
развојот на музичката култура на овој град и неговата традиција. Од монографијата се
гледа дека Кратово живеел богат музички живот со богата традиција и забележани
повеќе од 30 автохтони „кратовски“ песни кои не се пејат на друго место.
Монографијата има 114 страни во боја со богати информации и фотографии.
Од Министерството за култура ми доделија минимални средства од 27000 денари за
печатење на Монографијата: 120 години Кратовски тамбураши. Истата е подготвена за
печат. За да ја испечатам монографијата потребни се дополнителни средства.
За таа цел ја направивме оваа кампања која има за цел да ги собере тие средства. Ако
донирате повеќе средства, на секои 1200 денари ќе добиете по една монографија, ако
донирате 6000 денари, ќе добие 6 примероци. Ве молам донирајте во рамки на
можностите!
Можете да донирате преку трансакциска сметка или директно со платежна
(дебитна/кредитна картичка).
Со почит,
Методи Мишевски
Автор на монографијата
Плаќање преку сметка
Центар за одржливост и напредна едукација Битола
ЕДБ: 4002006176485
Матичен број: 6169171
Жиро сметка: 300060000025738
Депонент банка: КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
Напомена: за Монографија Кратовски Тамбураши
Плаќање со картичка
Преку кампањата на ecrowd.mk: https://bit.ly/kratovski
Донирајте за печатење на монографијата „120 години Кратовски тамбураши“
Најново
![]() | Денеска | 1258 |
![]() | Вчера | 6322 |
![]() | Оваа недела | 12867 |
![]() | Минатата недела | 44476 |
![]() | Овој месец | 12867 |
![]() | Минатиот месец | 138356 |
![]() | Вкупно | 19151681 |