gogo

12805901 1736726103226190 7018339300294085335 n

A+ R A-


ФАКЕЛ - поетот Панче Младеновски во чест на светецот Ѓорѓи кратовски

Ф А К Е Лфотографија на Daniel de la Todorovski

Во чест на св.ЃОРЃИ КРАТОВСКИ

НЕМО ЈА ГЛЕДАМ ФРЕСКАТА
НА ЖИВОТОТ
КАКО ФАКЕЛ
ПЛАМЕН ФРЛА
ЧИНИШ СЕКОЈ МИГ
ПЛАЧОТ ЌЕ ИМ ВРНЕ
НА КРАТОВСКИТЕ ГРЛА
ЗА МАЧЕНИКОТ ШТО ГО СЛАВАТ
ЗА ДОЖДОТ ШТО ВЕРАТА
ЌЕ ПРЕГРНЕ
ЗА ИСКРИ ШТО ФРЧАТ ПО НЕБЕСА ГОРЕ
ЗА МЕТАНИЈА НА ОГНОТ ШТО СЕ ПРАВАТ
И МЛАДОСТА БОЖЈА ШТО НЕ ИЗГОРЕ
НЕМА СИЛА
НЕМА МОЖНОСТ ДА СЕ ЗАПРЕ
ТАА ГЛЕТКА
ШТО ПРЕД ОЧИ МИ СЕ СПЛЕТКА
КОГА БОЖЈИ ГЛАС
МУ ЈА ПРУЖА СВОЈАТА НАМЕТКА
И ГО ПРИМА ВО РАЈСКИТЕ ПОРТИ
КАКО БЛАГОДАРНА ДУША
ШТО АНГЕЛИТЕ ГИ СЛУША
ШТО НЕ САКА НИТУ ПАРИ НИТУ СЛАСТ
ПОНАЈМАЛКУ РАЗВРАТ И ВЛАСТ
ШТО МОЖАТ МУХАДАНЦИТЕ ДА СТОРАТ
ОСВЕН СОВЕСТА ДА ИМ ЗЈАЕ
ДЕКА СО КРАТОВСКИОТ ЗЛАТНИК
НЕ МОЖАТ ДА СЕ БОРАТ
А НЕБОТО ТОА ГО ЗНАЕ
И СО ОРЕОЛ ГО ВЕНЧА СВОЈОТ СОПАТНИК
ДА ГО ШТИТИ СВОЈОТ НАРОД И ГРАД
ОНАКА ЛИЧЕН,СТРОЕН ВЕЧНО МЛАД
АМИН

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.