gogo

A+ R A-


Интервју со фотографот Владимир Јовановски од „Малински фотофестивал“

alt-Дали фотосафарито во Кратово беше полн погодок, планирате ли и следната година уште едно фотосафари во градот на кулите и мостовите?
Мислам дека фотосафарито во Кратово, што го огранизира Фото клубот „Куманово“ во рамки на фестивалот на уметничка фотографија „Малиски“, беше успешно. Ова мое мислење го делат и останатите фотографи и гости што присуствуаа на настанот. Особено задоволни одорганизацијата на настанот беа нашите гости од Војцин, Полска и од Крагуевац, Србија. Факт е дека Кратово е град со богата културна и историска традиција и има што да понуди за сите вљубеници на фотографската уметност. Затоа нашите планови се и следната година да се одржи фотосафари низ градот и околината, како и да се организираат неколку меѓународни изложби на фотографии. Особено морам да се заблагодарам на Општината Кратово, Музејот на град Кратово, Домот на култура „Лазар Софијанов“ и господинот Стевче Доневски заедно со етнокуќата Шанчева кои безрезевно го подржа целиот настан.
alt-Што е она што ви остави најголем впечаток во Кратово, дали ќе издвоите нешто што посебно го привлече вниманиеето на фотографите?
Доколку некој сака автентично да го доживее духот на Македонија треба да го посети Кратово. Тоа беше и примарната мисла поради која ФК Куманово се реши токму таму да го организира вториот ден од фото фестивалот „Малински“. Кај фотографите најголем впечаток во Кратово остави староградската архитектура со ориентални белези, многуте мостови и кули останати од османскиот период и кратовските занаетчиите. Треба да се знае дека за гостите од Полска ова преставуваше комплетно ново искуство бидеќи доаѓаат од комплетно различна културна средина.
-Има ли тенденција „Малински фото фестивал“ уште повеќе да расте, каква е иднината на овој фестивал?

„Малински фото фестивал“ успешно се организира веќе трета година по ред и има тенденција да расте. За идната година е во план тој да се прошири низ повеќе градови во североисточниот регион на Македонија и да е составен од поголем број на изложби.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.