gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Кратово ја славеше „Св.Петка“, се одржа собор и во с.Туралево

Иако ја викаат Црна света Петка, луѓето веруваат дека оваа светица ги штити од разни несреќи, но и од многу болести. Поради тоа, народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај.

alt

 Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква. Во Кратово верниците ги посетија храмовите „Св Јован“ и „Св.Никола“, а се одржа и голем црковно-народен собор во манастирот „Св.Петка“ во село Туралево.

Kултот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води. Петковден како домашна слава се празнува со служби посветени на св. Петка, а го празнуваат голем број македонски семејства.

На Петковден именден слават Петко, Петкана, Параскева, Пенка. Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува утре. Сите три името го добиле бидејќи биле родени во петок кога (пред христијанството) Евреите се подготвувале да го одбележат празникот и неработен ден – сабота. Уште од тоа време Параскева значи подготовка.

 Во Македонија култот кон света Петка особено бил раширен во Мариово. Населението верува дека св. Петка е заштитничка на луѓето, ги чува од суша, поплави, неплодност, громови и од многу други несреќи. Празникот Св. Петка повеќе го празнуваат жените.Според житието на св. Петка Епиватска, таа е родена во Епиват во Тракија, на брегот на Средоземното Море, кон крајот на 10 век. Нејзините родители биле од словенско потекло, побожни луѓе, па така ги одгледувале и своите деца. Параскева била многу мала кога покажувала интерес за монашкиот живот. Имала брат Ефтимие, кој подоцна станал епископ мадитски. Параскева живеела со своите родители до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, па во јорданската пустина (денешен Израел) каде што живеела во пост и во молитва до староста. Се вратила во родниот Епиват каде што по две години се упоколила, според житието, во 11 век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во романскиот град Јаши.

Има уште два празника посветени на св. Петка – Преподобна маченичка Петка (Римјанка) која се слави на 8 август, и Преподобна маченичка Петка (Икониска), која се одбележува на 10 ноември. Денешната се нарекува и Црна света Пека бидејќи светицата секогаш била облечена во црно.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2811
mod_vvisit_counterВчера4377
mod_vvisit_counterОваа недела17280
mod_vvisit_counterМинатата недела20513
mod_vvisit_counterОвој месец39968
mod_vvisit_counterМинатиот месец106839
mod_vvisit_counterВкупно10519374
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.