gogo

A+ R A-


На „Гоцева чешма“ положено цвеќе во чест на великанот и идеологот Гоце Делчев

Делегација од општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ од Кратово, денеска положи цвеќе на „Гоцева чешма“ во месноста Кисела вода, а по повод 117-годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев.alt

Токму денеска се навршуваат 117 години од смртта на Гоце Делчев - македонскиот национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

По тој повод објавуваме извадок од „Беседа за Гоце“ од Ѓорче Петров.
„Со кама стисната силно во раката како во екстаза, со движења кои ги правеше пред другарите, без некому лично да му се обраќа со зборови на восхит, просто ја опеваше камата како симбол на некаков култ. Секој што го слушаше или гледаше во таква положба се заразуваше од неговите движења и зборови. Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување како што Гоце ја бакнуваше својата кама пред да ја стави во нејзината футрола...
Гоце, и самиот јунак, имаше голема слабост кон индивидуалните појави на самостојност, а со својот пример има крупни заслуги за Организацијата. При создавањето кадри од такви поединци, неговата заслуга за Организацијата беше огромна. Во тој однос тој беше незаменлив. Неговото влијание во тој однос врз работниците го одразуваа духот и внатрешната сила на самиот автор.
Гоце, самоуверен во исполнувањето на својот долг, имаше огромно влијание. Гоце беше голем почитувач на личното јунаштво, зашто и тој самиот беше таков и тоа го докажуваше со жив пример. Тој не запираше пред вистинската смрт, која би можела да се избегне. Никој, никаде и никогаш не забележал кај него белези на страв или збрканост во случај на средба со потери или кога му јавуваа дека претстои некоја опасност. Своето презирање на смртта кај него беше нешто природно и неизвештачено, тоа се примаше како едно душевно чувство што беше неразделно од неговата природа. Ваквото влијание на тој правец беше огромно и многу значајно кога ги правеше многубројните посети на четите.

Фотографија на ВМРО-ДПМНЕ ОК КРАТОВО.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.