gogo

A+ R A-


Писание во пресрет на јубилеите поврзани со маченикот Свети Ѓорѓи Кратовски

пишува - Благоја Николовски
altНА 500-ГОДИШНИНАТАТА НА СМРТТА НА СВ.НОВОМАЧЕНИК ЃОРЃИ КРАТОВСКИ И 90-ГОДИШНИНАТА НА ОСВЕТУВАЊЕТО НА ХРАМОТ ПОСВЕТЕН НА СВ.ЃОРЃИ КРАТОВСКИ, да се потсетиме на некои случувања кои се одвиваа пред 90 години, за време на 400-годишнината од смртта на светецот, иако во тоа време на Балканот се водеа жестоки војни.
Иако времето било воено, не се заборавило да се одбележи свечено во целата земја.
Иницијативата била на Министерството за вера на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците - православно оделење - (бр.2852/10 февруари 1924 г)

Доставен допис до Св. Синод на СПЦ во Белград: Министерството за вера бара од Синодот на СПЦ согласност  на наведениот ден да се прослави што посвечено и на академиите да биде присутно целото белградско свештенство.
На ден 24 (11 по стариот календар) февруар 1515 г. запален од Турците Св. Ѓорѓи Кратовски - сјајен маченик и во знак на пијететот, наша желба е неговата маченичка смрт после 400 години јубилејно да се прослави ...
Програм на прославата:
  -покрај чисто верскиот дел има и државно-национални карактер
Да би прославата испаднала што по свечена, што по достоинствена, направени се некои подготовки:
1.отпечатена е за народот во Јужна Србија книга и испратена - Ђорђе Кратовац,Србин,
Светитељ, во 40.000 примероци.
2.Отпечатена дописница во 40.000 примерока, со сцената спалување на маченикот,
3.Во Белград на тој ден, во салата на новата ѕграда на Универзитетот, да се одржи национална-верска академија со пригодни песни
Пригодно предавање на некој универзитетски професор.
Целиот овој програм ќе биде и во СКОПЈЕ И КРАТОВО .
Пред пладне во сите православни цркви во Србија ке се служат свечени литургии, празнично правило на службите напишани за Св. Ђорђе Кратовац и ќе се одржат пригодни беседи .
На академиите задолжително присуство на чиновништвото, војската и граѓанството.

Доброволните прилози кои ќе се соберат, да се испратат на Одборот ѕа подигање на храмот посветен на Св. Ѓорѓи Кратовац.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.