gogo

A+ R A-


Сител најгледана телевизија, следуваат Канал 5, МТВ, Алсат М...

Според последното истражување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми услуги за четвртиот квартал од 2015 година, телевизиски станици со најголем просечен неделен досег се националните телевизии: ТВ Сител – 51,6% и ТВ Канал 5 – 45,7%, по што следуваат МТВ – 18,3%, Алсат-М – 18,3% Телма – 16,2% и Алфа – 15,7%.

alt

Помеѓу регионалните ТВ канали, најголем неделен досег во својот радиодифузен регион во третиот квартал од 2015 година остварува Канал 3 (15,4% од популацијата во регионот Д7 Стогово), ТВ Коха (14,0% од популацијата во регионот Д8 Попова Шапка), О2 (13,4% од популацијата во регионот Д6 Мали Влај), Ирис (12,3% од популацијата во регионот Д3 Туртел), КТВ (11,0% од популацијата во регионот Д1 Велес),

Следуваат ТВ Вис (9,4% од популацијата во регионот Д4 Боскија), Тера (8,1% од популацијата во регионот Д5 Пелистер), К Три (6,3% од популацијата во регионот Д2 Страцин) и Едо (3,7% од популацијата во регионот Д1 Скопје).

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.