gogo

A+ R A-


Тајната откриена: Во Кратово се снимала епизода од серијата „12 мајмуни“

Она што подолг период ги копкаше кратовци, конечно е откриено. Филмот кој се снимаше минатата пролет во Кратово, кога цел ден ечеа пукотници низ градот, е серијата во 12 продолжение „12 Мајмуни“. Во петокот на 27 февруари беше емитувана епизодата „Keys“, прва од трите епизоди на серијата „12 мајмуни“ (12 Monkeys) снимени во Македонија.
altСнимањето во Македонија се одвиваше на 4 локации: Манастирот Трескавец, Кратово, Водно и Старата чаршија во Битола. Преостанатите епизоди од првата сезона на „12 мајмуни“ ќе бидат емитувани кон крајот на март, со финале епизодата насловена „Shonin“, која ќе се емитува на 27 овој месец. Продукцијата на епизодите од „12 мајмуну“ беше првпат странска продукција да снима на локации низ Македонија по пауза од речиси 20 години, односно од филмот „Миротворец“ со Џорџ Клуни и Никол Кидман во главните улоги.

Серијата е базирана на истоимениот филм од 1995 година кој беше блокбастер, и кој годинава има 20-годишен јубилеј. Тоа е провокативна приказна на патникот низ времето Џејмс Кол, кој доаѓа од не толку убавата иднина од 2043 во денешницата со мисија да лоцира и искорени смртоносен вирус на чума која само што не ја уништила човечката раса во неговото време. Организација под името „Армијата на 12 Мајмуни„ го пуштила вирусот кој во времето на Кол предизвикал смрт на 93.6 проценти од вкупната светска популација.

Режисерот Давид Гросман изјави: „Во Македонија снимавме делови од три епизоди во кои дејството се случува во Чеченија. Во приказната, нашиот патник низ времето пресретнува вирус кој е испратен да елиминира предавник во редовите на ЦИА. Тој го пресретнува вирусот, но не успева да спречи вирусот да се рашири. Во моментот пред дрон да ја нападне неговата локација, Кол се пренесува во иднината, каде што открива дека си го спасил животот само за да го просведочи сопствениот неуспех заради последиците од вирусот.Дејвид Гросман си замина со пофални зборови за искуството во Македонија: „Дали би се вратил тука да снимам и дали би им препорачал на други да снимаат тука? Да и да“. 

Продукцијата е на „Јуниверзал кејбл продакшн“ (Universal Cable Productions) во соработка со „Атлас ентртејмент“ (Atlas Entertainment), продуценти на филмската верзија. Режисер е Дејвид Гросман, директор на фотографија е Тико Пулалакис, продуцент е Мајкл Реј, локациски продуцент е Раџив Дасани, додека Миливоје Ѓорѓевиќ од ФХ3Х е главен извршен продуцент на македонската екипа на „12 мајмуни“. 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.