gogo

A+ R A-


Ученичката Марија Колевска доби престижна награда од МОН

altМинистерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска ги додели наградите за најдобар есеј на тема „Верувам во Македонија“ во чест на претседателот Трајковски . На свечениот чин присуствуваше и сопругата на трагично загинатиот претседател, Вилма Трајковска. Првото и третото место го освоија ученички од гимназијата „Јане Сандански“ од Струмица - Катерина Караманова за есејот „Пиреј“ и Елизабета Муканова за есејот „Детелинка“, а второто место го освои кратовката Марија Колевска, ученик во средното училиште „Михајло Пупин“ од Скопје за есејот „За Македонија“.

 Министерот Ристовски рече дека не зачудува фактот што најголем број од пристигнатите есеи биле токму од Струмица и струмичкиот регион, родниот крај на вториот претседател на независна Македонија.

„Есеите требаше да бидат оригинални, со силен израз и мисла која ја отсликува наведената тема на натпреварот и не подолги од 500 зборови. Беа разгледувани и оценувани од посебно формирана комисија, при што 23 од нив беа дисквалификувани бидејќи не ги исполнуваа условите од конкурсот, рече Ристовски. Тој им се заблагодари на сите учесници на натпреварот кои, како што рече, на доследен начин, преку пишана мисла му оддадоа почит на еден од најголемите луѓе што ги имала Република Македонија“, рече Ристовски.

veruvam-vo-mk-03„Есеите беа инспирирани од татковината и вредностите во кои веруваше Борис. Им честитам, а најмногу се радувам што две од нив се од родниот град на Борис, Струмица, од гимназијата во која тој заврши. Неговиот слоган ’Верувам во Македонија’ го следеше во целиот мандат, уште на почетокот на кампањата тој веруваше во Македонија, во младите, во образованието. Верувам дека тоа ќе биде водилка и во вашите животи“, рече Вилма Трајковска.

Првонаградената ученичка Ктерина Караманова, изјави дека иако биле мали кога Борис Трајковски беше претседател на Република Македонија, слушале за неговите напори за подобра Македонија и од таму црпеле инспирација за есеите.

Трите наградени ученички кои учествуваа на Конкурсот кој го објави Министерството за образование и наука за есеј на тема „Верувам во Македонија“, добија таблет-компјутер, монографија за претседателот Борис Трајковски и паричен износ од 15.000, 10.000 и 5.000 денари.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.