gogo

Oki kom baner

A+ R A-


В недела „Шопска свадба“, годинава младенци не се пријавија

altМанифестацијата „Шопска свадба“, која традиционално се одржува на локалитетот Камени кукли во селото Куклица, Кратовско, е закажана за в недела, 24 септември, во организација на здружението „Етно ризница“, Куманово.

- И годинава, по трет пат, на овој препознатлив локалитет во Североисточна Македонија за време на одржување на настанот се очекува местото да заживее со неколкуте илјади посетители кои како и претходните години ќе го следат перформансот на свадбена веселба, традиционална од овој крај, наречена „Шопска свадба“ - изјави Драган Јакимовски, организатор на манифестацијата.

Во првите две години на одржување, настанот се одвиваше со цела свадбена церемонија, со младенци кои возобновувајќи ги старите обичаи, се венчаваа во традиционални носии од Североисточниот регион.

- Годинава нема младенци, но манифестацијата ќе ја реализира целта на промоција и презентација на историското и културно наследство на жителите од Североистокот на Македонија, во кој значителен број се токму Шопите. Оваа година ќе се одржи сценска адаптација „Шопска свадба“, во изведба на членови на Културно-уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски“ од Куманово - додаде Јакимовски.

На самиот локалитет Камени кукли в недела ќе бидат презентирани обичаите на шопскиот дел од регионот, а органзиаторите ги повикаа сите жители од овој крај да присуствуваат и да ја омасоват манифестацијата. Предвидено е да се одржи и пригодна културно-забавна програма.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3216
mod_vvisit_counterВчера7417
mod_vvisit_counterОваа недела3216
mod_vvisit_counterМинатата недела48208
mod_vvisit_counterОвој месец234318
mod_vvisit_counterМинатиот месец258364
mod_vvisit_counterВкупно8344881
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.