gogo

A+ R A-


„Весели Кратовчани“ се вратија со прво место од фестивалот „Пеце Атанасовски“

Изведувачи на изворни песни и музика од Кратовскиот крај викендов настапија на фестивалот за народни игри и песни „Пеце Атанасовски“ во Долнени, Прилепско.

На фестивалот групата „Весели Кратовчани“ учествуваше со репертоар од стари изворни жетварски песни од Кратовско.

- Нашите „Весели Кратовчани“ учествуваа на 44-от фестивал на народни игри и песни кој ја негува изворната македонска песна „Пеце Атанасовски“ со соло настап на Злата Милошевска која доби диплома за најуспешен настап во соло, а настапи со жетварска песна „Слагна се слнце" и групата со песната Зажнеј зажнеј мори Јано - жетварска песна, Боге Стефанов во соло гајда и дует на Елица Илиева и Станка Милошевска. Сите се претставија со изворни песни, чиешто негување, се еден од приоритетите на овој фестивал, информира Драган Георгиевски, кустос-етнолог во Музеј на Кратово.

Настапот и претставувањето на Кратово на Долненскиот фестивал биле овозможени со финансиска поддршка од Општина Кратово.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.