gogo

A+ R A-


Во Кратово се одржа 22-та детска колонија „Лазар Софијанов“

Општината Кратово и ова лето традиционално беше домаќин на 22-та детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“, на која учествуваа 17 млади ликовни таленти од земјава и од странство. Колонијата минатата недела беше отворена со ретроспективна изложба на слики од минатогодишните учесници.
- Годинава учесници беа млади ликовни уметници од Куманово, Скопје, Кочани, Ново Село и од домаќинот Кратово. Особено задоволство ми е што нашите стари пријатели од Соко Бања, Србија, и годинава беа наши специјални гости, со што колонијата го доби предзнакот меѓународна. Младите таленти и овој пат со сликарските четкички ја прикажаа раскошната кратовска архитектура, со акцент на старите кули, мостови и куќи - ни рече Живко Крстевски, директор на кратовскиот дом на културата „Лазар Софијанов“.
За пет дена, колку што траеше колонијата, беа создадени дваесетина уметнички слики, кои пред пошироката јавност ќе бидат претставени на ликовна изложба на 6 септември, Денот на ослободувањето на Кратово.                                                                                                               О.А.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.