gogo

Oki kom baner 1

.banner-blue-bg

A+ R A-


Во сабота: Европски тамбурашки фестивал по седми пат во Кратово

alt

Меѓународна манифестација „Европски фестивал на тамбурашки оркестри“– Кратово 2017 ќе се одржи по седми пат на 8 јули годинава.

Настанот е под покровителство на Министерството за култура, градоначалникот на општина Кратово и Здружението за култура и уметност „Св.Ѓорѓи Кратовски“ од Кратово.

Од локалната самоуправа на општина Кратово информираат дека манифестацијата која прерасна во бренд на градот Кратово, е дел од вековната традиција на градење на македонската староградска песна, преку која се промовира нашето културно и музичко творештво.

На годинашниот фестивал ќе учествуваат оркестри и истакнати поединци од областа на тамбурашката музика од Европа, како „Беќаруше“ од Пожега, Хрватска, тамбурашки оркестар „Тамбураториум“ од Панчево, Србија, РКУД „Пелагиќ“ од Бања Лука, Босна и Херцеговина, оркестар „Кратовски тамбураши“ од Кратово, Македонија и легендата на македоснката тамбурашка музика, Нино Величковски.

Седмиот Европски фестивал на тамбурашки оркестри ќе се одржи во мултимедијалнито центар во Кратво, со почеток во 20 часот и 30 минути. Истиот е дел од Агендата на Европскиот тамбурашки сојуз за одржување на фестивали од Европски ранг. 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3774
mod_vvisit_counterВчера9589
mod_vvisit_counterОваа недела26542
mod_vvisit_counterМинатата недела25551
mod_vvisit_counterОвој месец93128
mod_vvisit_counterМинатиот месец223282
mod_vvisit_counterВкупно9232568
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.