gogo

A+ R A-


Заврши првата младинска размена во рамките на проектот “Khetane! Заедно! Zusammen!”

altОд 26.10 до 01.11.2018 година во Хотел Кратис се оддржа првата младинска размена во рамките на проектот “Khetane! Заедно! Zusammen!” поддржан од фондацијата EVZ. Овој младински проект има за цел да ги зближи младите Роми и не-Роми кои што живеат во Македонија и Германија преку употребата на неформални алатки за учење на историјата на Ромите за време на Втората светска војна и нивното страдање.Младите учесници од Македонија и Германија имаа можност да научат повеќе за овој мрачен дел од историјата на Ромите и да дознаат информации за механизмите и условите кои што доведоа до геноцидот на Ромите. Исто така, тие имаа можност да креираат свои продукти и визии како тие гледат на историјата и иднината работејќи во помали работни групи на стрипови, театар и социјални медиуми. Резултатите ќе бидат презентирани кон крајот на проектот кои што ќе бидат достапни на пошироката јавност.Кон крајот на размената, учесниците имаа слободно попладне разгледувајќи го Кратово. Локалниот водич Стевче Доневски им ја долови богатата историја на градот и многуте легенди поврзани со истиот. На крај, учесниците ја посетија етно-куќата Шанчева каде што дегустираа локална храна подготвена од домаќините Доневски. Втората размена во рамките на проектот ќе се оддржи во Април 2019 година во Берлин, каде што младите учесници ќе имаат можност и да го посетат споменикот подигнат во чест на убиените Роми и Синти за време на Втората светска војна.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.