gogo

A+ R A-


Заврши уште една меѓународна детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“

Успешно заврши уште една, 24-та по ред Меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“ Кратово во организација на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово, во која зедоа учество дваесет и осум млади уметници и пет ментори од Македонија (Прилеп, Кочани, Н.Село - Струмица, Пробиштип, Кратово, Куманово), како и гости од соседна Бугарија (Софија). Овогодинешната ликовна колонија траеше пет дена, од 12 Јуни (понеделник) до 16 јуни (петок) 2017 година. Учесниците заедно со своите ментори работеа на теми од „Староградска архитектура на Кратово“, кулите, мостовите и останатите градби карактеристични за овој град.

Фотографија на Меѓународна Детска Ликовна Колонија „Лазар Софијанов“ Кратово.

Фотографија на Меѓународна Детска Ликовна Колонија „Лазар Софијанов“ Кратово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.