gogo

A+ R A-


Делчевец произведе тиква од 50 килограми

alt

Во градината на земјоделецот Фиданчо Лазаров од делчевското село Град израснала тиква тешка 50 килограми. Иако долги години Лазаров се занимава со одгледување тикви, сепак, ова е најголемата тиква што се родила во градината на 68-годишниот земјоделец. Со гордост ја турка во количката, затоа што во селото Град досега толкава тиква не е собрана од нивите.

-Досега никогаш не сум нашол толку голема тиква на мојот имот. Ова е ново семе кое соседите ми го донесоа од Италија, а за следната година ќе нарачам уште. Ќе откријам една тајна, на тиквата и годи природна изворска вода, а не сака наводнување од водовод – вели Лазаров.

Лазарови уште не ја пробале тиквата. Велат, ако се погоди блага и вкусна, ќе заврши на семејната трпеза, а во спротивно ќе заврши како сточна храна за свињите.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.