gogo

A+ R A-


Мината се покажа кобна, рударот од Злетово го загуби видот

руд-1-

42- годишниот рудар од Пробиштип, кој беше потешко повреден во несреќата во рудникот на Индоминиерали и метали во Злетово, целосно го загуби видот. Според лекарите во штипската Клиничка болница, очите му биле изгорени од експлозијата на мината, која му експлодирала речиси во лице. Нему, на 42-годишна возраст, му завршува работниот век од рудникот. 

Истрагата за несреќата се’ уште трае. Во рударскиот инспекторат ја чекаат уште изјавата на рударот, кој се лекува во болница. Инспекторот Драган Димитровски очекува истрагата да ја комплетира до Нова Година. Дали и овој пат се работи за рударско невнимание, ќе се знае наскоро.

Во рударскиот инспекторат, само во текот на оваа 2014-та година, во рудникот во Злетово се случиле 17 рударски несреќи. За дел од нив, каде рударите поминаа со полесни повреди, рударскиот инспектор не излегол на терен. За една од потешките несреќи, онаа во март, кога двајца рудари завршија со тешки телесни повреди, според инспекторот Димитровски, поднесена е прекршочна пријава и се води судски процес.

Ланската година, билансот на нереќи на работа во рудникот беше далеку поголем и изнесуваше 57. Во оваа бројка спаѓаат и случаите каде рударите поминале со полесни повреди. Управата на рудникот ги засили безбедносните мерки.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.