gogo

A+ R A-


Нова рударска несреќа во Добрево

Рударскиот инспектор, Драган Димитровски денеска информира дека несреќата се случила вчера околу 5 часот, во момент кога рударот сакал да се качи во локомотива која ја носи рудата. При тоа едната нога му останала надвор од неа и се здобил со скршеница на бутната коска. Повредениот веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница, а потоа и на Клиниките во Скопје.Rudnik-604x272

Димитровски најави дека во текот на денот ќе извршат увид во рудникот Добрево.

– Се уште немаме извршено увид, ќе ги земеме изјавите и потоа официјално ќе го доставиме извештајот до надлежните органи, изјави Димитровски.

Тој појаснува дека при вакви несреќи раководствата на рудниците во рок од 48 часа треба да ги известат инспекторите и надлежните институции.

Ова е втора несреќа во рудникот Добрево во рок од еден месец. Димитровски истакна дека при последниот увид во рудникот Добрево во сопственост на индиската фирма „Индо минерали и метали“ констатирал дека веќе се применуваат мерките и препораките кои им ги има дадено за поголема безбедност во рудникот, додека новата пумпа со која треба да се испумпува вода од рударските јами, а која требаше да ја набави рудникот, се очекува да пристигне во текот на оваа недела.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.