gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Одбојкарите на Пробиштип се подалеку од титулата, губат 0-2 од Струмица

alt

Лидерот по регуларниот дел од одбојкарскиот шампионат, одбојкарите на Струмица поведоа со 2-0 против Пробиштип во финалето од плеј-офот за првак на Македонија. Натпреварот се одигра во извонредна атмосфера, но и тоа не беше доволно за позитивен резултат на Пробиштип, па сега Струмица се наоѓа на чекор од обединување на титулите и освојување на петта титула шампион на Македонија.

Одбојкарите на Кире Ричлиев и на денешниот натпревар беа подобар ривал и на крајот сосема заслужено остварија нова победа со 1-3 (22-25, 16-25, 25-19, 25-27), по која се доближија на само една победа од титулата. Првиот и вториот сет струмичани ги добија со сигурна игра, за да одбојкарите на Пробиштип го добијат третиот сет со 25-19 и намалат на 1-2.

Четвртиот сет започна со сигурна игра на гостите кои брзо се одлепија и поведоа со +4 на првиот технички тајм-аут, но одбојкарите на Пробиштип полека се враќаа во сетот и на вториот технички тајмаут стигнаа на негатива од само -1 (15-16). До крајот сетот беше израмнет, а во тесен финиш со 25-27 се радуваа струмичани, за конечни 1-3.

Третиот натпревар, кој може да биде и последен во финалната сериј,а е закажан за в понеделник, на теренот на одбојкарите на Струмица.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3758
mod_vvisit_counterВчера3342
mod_vvisit_counterОваа недела20190
mod_vvisit_counterМинатата недела37197
mod_vvisit_counterОвој месец129951
mod_vvisit_counterМинатиот месец313655
mod_vvisit_counterВкупно8554169
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.