gogo

A+ R A-


Платете си ги сметките за МТВ, УЈП блокира сметки

http://www.mkd.mk/files/styles/rubrika_half/public/article/2013/08/14/mkd-68493.jpg?itok=vC6fb0HnПо основа на неплатена радиодифузна такса, на државно ниво околу 20 илјади сметки на граѓани се блокирани овој месец. За да се одблокира сметката, освен основниот долг, граѓаните треба да платат и такса за присилна наплата и тарифа за одблокирање на сметката. Дополнителните трошоци се неколку илјади денари, а блокада УЈП врши за неплатен долг над 570 денари за период од август 2012 година до јули 2013 година.

Пред отпочнување на присилна наплата на долговите за радиодифузна такса, Управата за јавни приходи до граѓаните, односно обврзниците доставува Опомени, со цел да се избегне постапката за блокирање на нивните сметки. Доколку граѓаните и по доставувањето на опомените не го платат долгот во наведениот рок од опомената, Управата за јавни приходи пристапува кон присилна наплата.

Од УЈП појаснуваат дека присилната наплата на радиодифузната такса е нивна редовна активност, а се блокираат само должниците кои не платиле поголем број сметки во определениот период.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.