gogo

A+ R A-


Пробиштип избира најдобар спортист за 2020, можете да се вклучите во гласањето

altСо цел да им се оддаде внимание и поддршка на спортистите кои што минатата 2020 година ја претставуваа општината Пробиштип во и надвор од државата, деновиве се формира независна граѓанска иницијатива за Избор на спортист на Општина Пробиштип.Обезбедени се спонзорства од компании и поеднинци од и надвор од општината за пригодни награди на првите тројца спортисти. Сите спонзори ќе добијат реклама во вид на мозаик кој ќе биде поставен како позадинска слика во групава, а истите ќе бидат испочитувани и со реклама на прогласувањето на спортистите кое ќе биде по сите протоколи за заштита од Ковид 19.
Гласањето ќе биде на ФЕЈСБУК кое ќе има вредност на еден член на жири, плус жири составено од спортски работници и новинари кои го следат пробиштипскиот спорт. За почеток покрај Спортот во Пробиштип, медиумски спонзори се и фб групата Пробиштип инфо.
ФБ гласањето веќе започна и можете слободно да го дадете својот глас за Вашиот фаворит.
Гласање на следниот линк
https://www.facebook.com/groups/1683586631868683

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.