gogo

A+ R A-


Пробиштип ќе го реконструира киното и Спомен паркот, а ќе гради пат и до Стрмош

пштина Пробиштип со финансиска поддршка на Агенцијата за рурален развој ќе реализира три проекти во вредност од 55 милиони денари.

Завршува тендерската постапка за реконструкција на локалниот пат од Пробиштип до село Стрмош во должина од два и пол километри, ќе се реконструира зградата на киното, а ќе се прави и спомен парк.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека проектот финансиски е поддржан од Агенцијата за рурален развој во висина од 14,5 милиони денари, а финализирањето на тендерот се очекува наредната недела. Од таа агенција финансиска помош ќе пристигне и за уште два проекта, за реконструкција на киното и на Спомен паркот.

– Во Пробиштип во моментов се реализираат повеќе проекти преку донации или средства од централната власт, а како општина со средствата од буџетот ги исплаќаме старите долгови од претходната власт – рече Анастасов.

Тој истакна дека во завршна фаза се тендерските постапки за уште два големи проекти, а средствата повторно пристигнуваат преку Агенцијата за рурален развој.

alt

– До средината на октомври очекувам во градба да биде воведена фирмата, којашто ќе ја реконструира зградата на киното. Проектот ќе чини околу 20 милиони денари, а ќе опфати промена на електрика, систем за греење и ладење, нова опрема, столчиња, со што и овој објект ќе го ставиме во функција – рече Анастасов.

Третиот проект за којшто се обезбедени средства преку оваа агенција е Спомен паркот. Таму предвидени се повеќе содржини, меѓу кои две детски игралишта, амфитеатар, паркинг простор, летниковци и хортикултурно уредување, а вредноста на работите е проценета на околу 20 милиони денари.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2315
mod_vvisit_counterВчера3483
mod_vvisit_counterОваа недела12136
mod_vvisit_counterМинатата недела24532
mod_vvisit_counterОвој месец77251
mod_vvisit_counterМинатиот месец101967
mod_vvisit_counterВкупно11650545
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.