gogo

12805901 1736726103226190 7018339300294085335 n

A+ R A-


Пробиштипјани славеа во Велес, ги очекува историско финале со Струмица

Фотографија на Одбојкарски клуб„ПРОБИШТИП“.

Екипата на Пробиштип ВА се избори за првото историско финале од домашниот шампионат, откако и во реванш средбата од полуфиналето славеше над Борец, денес во Велес со резултат од 0-3 во сетови (24-26, 23-25, 27-29).

Така екипата од Истокот на Македонија ја потврди победата од првиот дуел игран на домашен терен, исто така со резултат од 3-0 и си осигура финале.

Ривалот на Пробиштип ВА во финалето за титулата ќе биде екипата на Струмица, која пак во полуфиналето со две победи го елиминира тимот на Лешок.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.