gogo

A+ R A-


Се судрија автомобил и комбе, повредени две лица кај Пробиштип

altДве лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во 14.15 минути на регионалниот пат Пробиштип-штипско село Крупиште.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила меѓу товарно возило-комбе марка „Фолксваген“ и автомобил марка „Шкода фабиа“ и двете возила со скопски регистерски таблички.

Во несреќата повредени се 39 годишниот возач од Штип и неговиот сопатник во „Фабиата“, кои со Итна медицинска помош од Пробиштип се пренесени во Клиничка болница-Штип.

– Несреќата се случила во 14 часот и 15 минути на регионалниот пат Пробиштип- Крупиште кај местото викано „Киселиц“. Увидот на нашите екипи е во тек за утврдување на причините на несреќата. Очекуваме од Клиничката болница во Штип да не информираат за карактерот на повредите на двете лица во несреќата, вели Панајотова.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.