gogo

A+ R A-


Старец од пробиштипско се бори за живот по напад од кучиња

Три кучиња тешко повредија 92- годишен старец во пробиштипското село Марчино. Тој излегол да го провери и премести магарето кога кучињата го изненадиле.

http://vitalpethealth.co.uk/wp-content/uploads/2013/08/dogattack1.jpgЖестоко го нападнале од три страни, па практично старецот и не успеал да се брани, пренесува ТВ Стар.

Од налетот на кучињата магарето се исплашило, силно го повлекло по што тој паднал и го скршил колкот. Од сигурна смрт го спасиле соселаните кои и го пренеле во Штипската клиничка болница.

Оттаму, поради сериозност на повредите бил транспортиран во Скопје каде лекарите се борат за неговиот живот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.