gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Во петок почнува тридневниот „Пробиштип самер фестивал“

alt

Пробиштип викендов очекува над 10.000 гости на фестивалот „Summer festival“ којшто четвртa година го организира општината.

Советникот за јавни дејности во општината Раде Илиевски на денешната прес-конференција рече дека за разлика од претходните фестивали, годинава имаат три фестивалски денови.

Фестивалот почнува в петок и таа вечер е резервирана за македонската музика од 80 –тите години.

- Гостин на вечерта ќе ни биде легендата Драган Б. Костиќ и Драган Мијалковски. Втората вечер ја започнуваме со Анета и Молика, потоа Викторија Лоба и на крајот завршуваме со Ареа, посочи Илиевски.

Тој истакна дека забава на фестивалот ќе има и во недела, а ќе настапат познати македонски музички групи и пејачи. - Третата вечер ја започнуваме со Антонија Ангеловска, ќе продолжиме со Андријана Јаневска, Тамара Тодевска и завршуваме со Нокаут, рече Илиевски.

Тој додаде дека фестивалот во Пробиштип е уникатен, бидејќи на него настапуваат само македонски групи и пеjачи со цел да се промовира македонската музичка сцена.

Фестивалот ќе се одржи на платото на градскиот пазар, каде што десетина угостители од Пробиштип ќе постават штандови.

Општина Пробиштип за реализација на фестивалот одвои еден милион денари од буџетот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3129
mod_vvisit_counterВчера7417
mod_vvisit_counterОваа недела3129
mod_vvisit_counterМинатата недела48208
mod_vvisit_counterОвој месец234231
mod_vvisit_counterМинатиот месец258364
mod_vvisit_counterВкупно8344794
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.