gogo

A+ R A-


Не е точно дека 80 отсто од вакцинираните се на интензивна нега

Фото: pixabay.com
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/11/covid-vacc.1.png

Последната анализа на Министерството за здравство за периодот од 6 август до 4 ноември, покажува дека 72 отсто од заболените и 78 отсто од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани. Повеќе научни анализи покажуват дека вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Стручната јавност е децидна дека вакцинацијата треба да е што помасовна за да се постигне колективен имунитет и да се стави крај на пандемијата. Колективен имунитет се стекнува само со имунизација на поголемиот дел од населението – 70 до 90 отсто, во спротивно коронавирусот и натаму ќе се шири и ќе мутира, што, вусшност, и се случува

Во пост на Фејсбук, авторот со антиваксерски тонови вакцинираните лица ги нарекува измамени и со повеќе прашања-тврдења повикува против вакцинацијата.

Во постот стои:

Дупло вакцинираните без трета доза се прогласени за антиваксери, и уште не сфаќаат дека се измамени. Можеби ќе сфатат после десеттата.

Ако вакцината ги штити, зошто јас мора да ја примам, тие се ЗАШТИТЕНИ нели,

Ако пак не ги штити, тогаш истотака зошто јас морам да ја примам???

Зошто земји со 90% вакцинирано население имаат огромен број на болни???

Зошто 80% од дупло вакцинираните се на интензивна нега???

Вакцинираните не се измамени, ниту, пак, оние кои сè уште не примиле трета доза се сметаат за антиваксери. Имено, вакцинираните со две дози многу полесно се справуваат со корона вирусот. Наспроти тврдењата во постот, статистиката на Министерството за здравство покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во период од 6.08 до 04.11.2021 година на територија на државата починале 1.688 пациенти со ковид-19, 1.376 пациенти од починатите, односно 82 отсто не биле вакцинирани, а само 18 отсто, односно 312 примиле вакцина.

Според сите научни анализи, докази и факти, вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи.

Во однос на поставените прашања:

Ако вакцината ги штити, зошто јас мора да ја примам, тие се ЗАШТИТЕНИ нели

Ако пак не ги штити, тогаш истотака зошто јас морам да ја примам???

Стручната јавност е децидна дека вакцинацијата треба да е што помасовна за да се постигне колективен имунитет и да се стави крај на пандемијата. Колективен имунитет се стекнува само со имунизација на поголемиот дел од населението (70 до 90 отсто), во спротивно коронавирусот и натаму ќе се шири и ќе мутира, што, вусшност, и се случува. Во земјава со две дози вакцинирани се само 37 отсто од вкупното насление, што е далеку од потребниот процент за колективен имунитет.

Токму затоа и апелите на лекарите се за што помасовна имунизација, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се стави крај на пандемијата.

Во однос на прашањата:

Зошто земји со 90% вакцинирано население имаат огромен број на болни???

Зошто 80% од дупло вакцинираните се на интензивна нега???

Апсолутно е неточно дека во земјите каде има голем процент на вакцинирани има огомен број на заболени. Ќе наведеме еден пример, помеѓу пацифичките држави кои предничат по стапката на вакцинација по глава на жител е Фиџи (896.000 жители), процентот на население кое примило барем една доза вакцина е 96.(податок од 15.10.2021)

На Фиџи, од 3 јануари 2020 година до 8 ноември 2021 година, имало 52.298 потврдени случаи на ковид-19 со 675 смртни случаи, пријавени на СЗО. Заклучно со 29 октомври 2021 година, спроведени се вкупно 1.186.242 дози на вакцини. Овој месец во Фиџи има само 50 потврдени случаи на корона.

Во земјите со висок процент на вакцинација сè уште има трансмисија на корона вирусот поради тоа што најраспространета варијанта е делта сојот, а дополнително речиси во сите земји веќе нема на сила строги рестриктивни мерки.

Истражувањето на Лансет потврди дека ефективноста на вакцината против инфекција е намалена кај делта варијантата во споредба со алфа, што досега многупати е објавено и транспарентно споделено со јавноста.

Всушност, и самата студија вели дека вакцините се ефикасни во спречување на хоспитализација и смртен исход.

Последното прашње – тврдење во постот дека 80 отсто од вакцинираните се на интензивна нега е апсолутно неточно. Впрочем, според анализата на Министерството за здравство во период од 6 август заклучно со 4 ноември, 72 отсто од заболените и 78 отсто од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани.

Лекарите велат вирусот најтешко ги погодува невакцинираните, компликации кај вакцинирани лица се случуваат главно кај оние со повеќе коморбидитети.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1990
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела8355
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец36265
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16263852
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.