gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Ако ФФМ ги испочитува правилниците на УЕФА, Силекс, а не Шкупи ќе игра во квалификациите за ЛЕ

Дали ФФМ повторно на мала врата ќе додели лиценца, овојпат на ФК Шкупи, екипа која според првостепената комисија не ги исполнува критериумите. Како што е редот, ФФМ во согласност со правилниците на УЕФА распишува конкурс за настап во европските купови, односно за лиценцирање на клубовите кои се пријавуваат да играат во Лигата на шампионите или Лига Европа.
Според пропишаниот правилник на УЕФА, кој ФФМ мора во целост да го спроведе треба да се исполнат административни, инфраструктурни и финансиски критериуми. Од екипите кои се пријавија за европска лиценца за сезоната 2018/2019 година  само ФК Шкупи не ги исполни критериумите за  УЕФА лиценца што беше константирано и првопстепената комисија при ФФМ која лиценцира и за домашните и за меѓународните натпреварувања.
Според нашите сознанија ФК Шкупи не ги исполнува финансиските критериуми ниту по еден основ, во однос на пријавени лица, исплата на средства на законски начин и други показатели и затоа коректно е Второстепената комисија која ќе заседава утре  да ја потврди одлуката на првостепената комисија, односно да не одобри европска лиценца за екипата од Чаир.
ФФМ ќе мора конечно да расчисти со практиката доделување на лиценца на мала врата, иако не се исполнети бројни критериуми со што во неповолна позиција се ставаат екипите кои трошат огромни средства за правовремено исполнување на пропишаните критериуми и се борат за максимално спроведување на истите.
Уште од 2013-тата година ФФМ најави дека ќе ги заостри критериумите за добивање натпреварувачка лиценца за клубовите, за да обезбеди транспарентност во работењето, стабилност и еднаквост за сите учесници во Првата и во Втората лига. Правилата се пропишани од Европската фудбалска унија (УЕФА) и нивното почитување е задолжително за учество во домашните натпреварувања и во европските купови.

Лиценцирањето е со цел да се обезбеди транспарентност во работењето на клубовите, како и гаранција за сите што се заинтересирани да вложат во македонскиот фудбал, во спротивно и оние малку спонзори и помагатели на спортот ќе се откажат од понатамошното вложување како резултат на неспроведувањето на правилникот за Лиценцирање кој го гарантира УЕФА.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска806
mod_vvisit_counterВчера2768
mod_vvisit_counterОваа недела3574
mod_vvisit_counterМинатата недела24024
mod_vvisit_counterОвој месец67144
mod_vvisit_counterМинатиот месец80698
mod_vvisit_counterВкупно10343752
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.