gogo

A+ R A-


Ако го мине Вадуц, Силекс го чека Митјиланд/Судува

УЕФА ги одреди и паровите за хипотетичкото второ коло на квалификациите од Лигата на шампионите, во кое се борат да стигнат три македонски претставници. Силекс ќе патува во Данска или Литванија, против Митјиланд или Судува, ако излезе како победник од двомечот против Вадуз. Ако го помине вицешампионот на Црна Гора, Куп финалистот Работнички ќе се сретне против белгискиот Генк во второто коло на квалификациите од Лига Европа.

Шкендија ако ја прескокне Краковија, ќе го добие победникот од мечот на азербејџански Нефчи, каде треба да потпише Шиков и Балзан од Малта, каде веќе нов член е Маневски.

Мечевите од второто квалификациско коло се играат на 14 и 21 јули.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.