gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Ангелче Тимовски утре го игра 100-тиот првенствен меч во дресот на Силекс

altПробиштипјанецот во редовите на Силекс, Ангелче Тимовски, утре (сабота, 15 часот) ќе слави еден мал јубилеј. Сон на секој фудбалер е да одигра 100 првенствени мечеви за еден клуб, а Тимовски токму утре против Академија Пандев ќе ја достигне магичната бројка.
-Приказната започна во далечната 2011-та година, кога дебитирав во дресот на Силекс под тренерската палка на Ане Андовски. Само што наполнив 17 години, добив шанса од Андовски на мечот со Тетекс во Тетово. Во меѓувреме одиграв 99 меча во дресот на Силекс, не сметајќи ги мечевите во Купот и на пријателските средби. Во трајно сеќавање ќе ми остане мечот во 2016-та година, кога при резултат 1-1 постигнав победнички погодок против Тетекс во Кратово. Што се однесува до разочарувањата, тврдам дека во фудбалската игра не смееш да си дозволиш по некое разочарување да паднеш психички, туку двојно повеќе да тренираш и да се вратиш посилен. Тоа е мојата фудбалска филозофија - ни рече 23-годишниот десен бек, кој има три погодоци во 99-те одиграни меча, и голем број асистенции. Тимовски беше дел и од младите репрезентативни селекции, со повеќе забележителни настапи.
-Ми беше чест да одиграм 99 меча во дресот на Силекс, впрочем тоа е клубот во кој ја започнав мојата кариера. Посебно задоволство ми беше кога во неколку прилики ја имав капитенската лента и го предводев тимот до успеси. Мислам дека го достигнав максимумот во дресот на Силекс, па веќе размислувам за промена на дресот и за нов напредок во мојата кариера. Договорот ми истекува на лето, но доколку имам добра понуда во зимскиот преоден рок, би можел уште зимава да се преселам во посилна лига и поголем клуб. Но, каде и да заминам, Силекс секогаш ќе биде дел од мене и ќе има место во моето срце - вели Тимовски.  Оливер Арсовскиalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3214
mod_vvisit_counterВчера7417
mod_vvisit_counterОваа недела3214
mod_vvisit_counterМинатата недела48208
mod_vvisit_counterОвој месец234316
mod_vvisit_counterМинатиот месец258364
mod_vvisit_counterВкупно8344879
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.