gogo

A+ R A-


Б-тимовите на Силекс и Пелистер ремизираа, Мариќ и Главевски стрелци

altСе одигра второто коло од новоформираната Прва Б лига, односно на вторите состави на прволигашките екипи, каде учество пријавија само 6 екипи. По второто коло единствен со максимален учинок, односно две победи е тимот на Вардар кој со 3:0 го победи Металург.

Во Кратово се сретнаа Силекс и Пелистер, а мечот заврши со мирољубиви 1-1. Гостите поведоа во 20-тата  минута со погодокот на Благојче Главевски. altНа 1-1 израмни Бобан Мариќ во 32-та минута, по одлично изведениот слободен удар на Роберто Стојков и лошата интервенција на гостинскиот голман.

Со 3-0 во Тетово втората екипа на Шкендија славеше над вториот тим на Работнички.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.