gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Благојевиќ: Ја вративме самодовербата, ќе падне и Шкупи

По двата порази од Пелистер и Вардар, време е Силекс да се врати на победите. Утре (15.30ч.) во Кратово гостува составот на Шкупи, редовен пациент на кратовци кој ретко заминувал со бодови од Кратово.
-Не го познавам најдобро квалитетот на составот на Шкупи, но ако ние одиграме на потребното ниво, победата нема да ни побегне. Мала предност за гостите е што пред три дена не играа во Купот, па ќе влезат поодморени од нас. По двата врзани порази, ние ја повративме самодовербата со триумфот над Академија Пандев, па време е да започнеме нова победничка серија - вели левиот бек на Силекс, Дејан Благојевиќ.alt

Новајлијата во тимот од Чаир, Ален Јашаровски, кој беше стрелец на одлучувачкиот гол против „романтичарите“, воочи дуелот во Кратово вели дека е задоволен од неговиот настап по претходното коло и дека Шкупи има сили да слави победа и на ова гостување.
„Најпрво сакам да изразам задоволство за последната победа над Работнички, бидејќи таа беше извојува на моето деби за Шкупи. Сега, пред нас имаме уште еден тежок дуел, но сите се надеваме дека од Кратово ќе се вратиме со поволен резултат и ќе донесеме нова радост за нашите фанови“, вели Јашаровски. 

Утрешниот меч во Кратово е закажан за од 15.30 часот, а старт ќе означи искусниот судија Јосип Бартон.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3205
mod_vvisit_counterВчера7417
mod_vvisit_counterОваа недела3205
mod_vvisit_counterМинатата недела48208
mod_vvisit_counterОвој месец234307
mod_vvisit_counterМинатиот месец258364
mod_vvisit_counterВкупно8344870
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.