gogo

A+ R A-


ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ!!! КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВОЛИГАШ - СИЛЕКС ИЛИ ТИКВЕШ?

Попладнево на стадионот во Ѓорче со почеток од 16:30 часот, екипите на Силекс и Тиквеш ќе го одиграат бараж мечот за пласман во Првата лига. Кој ќе биде подобар тој во следната сезона ќе игра во елитната лига на Македонија. Се игра еден натпревар, ова се 90 минути кои ќе решат кој ќе биде прволигашки град – Кратово или Кавадарци.

Мечот ќе го суди Димитар Мечкаровски, се очекува навивачка инвазија од Кратово и Кавадарци.

ГОРАН СИМОВ: ТИКВЕШ Е ДОБАР ТИМ…

Горан Симов, стратегот на Силекс пред попладневниот бараж меч вели…

„Па, за нас тежок меч. Можеби сме фаворити на хартија, но Тиквеш има добар тим. Сум играл со дел од играчите на кавадаречкиот тим и знам колку можат. Ние сме максимално подготвени, знаеме што не чека и нема шанси да го потцениме ривалот. Кавадарци е во еуфорија, сакаат Прва лига, го знаеме и тоа. Од друга страна нашите амбиции се јасни, а тие се и во следната сезона да играме во елитата“ вели тренерот на кратовци Горан Симов.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.