gogo

A+ R A-


ДАРКО ДОДЕВ - играч со најголем напредок во дресот на Силекс

altПорталот АБЕРЏИЈА продолжува со изборот на најдобрите играчи во дресот на Силекс, оние што ја одбележаа есенската полусезона. Без дилеми, ИГРАЧ СО НАЈГОЛЕМ НАПРЕДОК во играта е младиот дваесетгодишен крилен напаѓач ДАРКО ДОДЕВ.
Благодарение на правилото кое вели дека секој прволигаш мора да го започне мечот со играч под 21 година, Додев почна да добива шанса да покаже што знае. altПочна по малку срамежливо, но како одминуваше времето, неговите игри стануваа се повпечатливи, а минутажата се подолга. Откако пофалбите почнаа да стигаат од сите страни, Додев ја стекна потребната самодоверба и стана ударна игла во нападот на Силекс. Незадржлив по десната страна, често правеше дар-мар во противничките одбрани и беше константна закана за голманите.
Голгетерските способности ги покажа на мечот од Купот против Скопје, кога двапати ја тресеше гостинската мрежа и го однесе својот тим во четвртфиналето.
Од него на пролет се очекува експлозија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.