gogo

A+ R A-


Дарко Грозданоски посакува со гол да го реши Работнички

altНа Силекс воопшто не му цветаат рози на стартот од новата сезона, за што најдобар показател е табелата на која кратовци се при самото дно, со две победи и дури пет порази. Премалку за амбициите на трофејниот кратовски прволигаш, кому местото не му е на дното од табелата. Потребни се бодови, а првата прилика за подобрување на бодовното конто кратовци ќе ја имаат утре против скопски Работнички. Оптимизам има, се гради победничка атмосфера, но сето тоа треба да се пренесе на терен.

-Дуелот со Работнички е од огромно значење за нас, бидејќи доаѓа во мигови кога не ни оди баш најдобро. Потребни се бодови, се сложувам дека шест бодови од седум меча е премалку. И Работнички е во криза, ќе биде тоа тежок меч дефинитивно. Рецептот за победа го знаеме, сите треба да одиграме на максимално ниво и да ги следиме советите на стручниот штаб и бодовите ќе останат во Кратово. Јас се надевам дека токму со мој погодок во мрежата ќе славиме и така ќе стигнам до вториот првенствен гол оваа сезона - ни изјави младиот напаѓач на Силекс, Дарко Грозданоски.

Мечот се игра во недела со почеток од 15.00 часот, а главен судија ќе биде охриѓанецот Марјан Ецкоски.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2274
mod_vvisit_counterВчера3483
mod_vvisit_counterОваа недела12095
mod_vvisit_counterМинатата недела24532
mod_vvisit_counterОвој месец77210
mod_vvisit_counterМинатиот месец101967
mod_vvisit_counterВкупно11650504
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.