gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


ДЕЈАН БЛАГОЈЕВИЌ - најдобар странец во дресот на Силекс

altСилекс со години наназад имал голема „легија на странци“, претежно од северниот сосед Србија. Слична е ситуацијата и оваа сезона, бидејќи во клубот од Кратово настапуваат петмина странци (беа шест, но по неколку кола си замина Милосављевиќ). Од тие пет странци, тројца се Срби, еден Камерунец и еден Французин.

alt

Сите петмина одиграа солидна полусезона, но се чини дека најконстантен странец во дресот на Силекс беше Дејан Благојевиќ. Српскиот интернационалец кој пристигна пред година и пол како лев бек, оваа сезона најчесто настапуваше како стопер и одлично си ја вршеше работата.

Иако пропушти неколку меча поради повреда, сепак, кога тој командуваше со одбраната, таа беше сигурна и на моменти гранитна, особено на мечевите на домашен терен, каде Силекс на девет меча прими само пет погодоци.
Иако надвор од теренот делува тивко и ненаметлива, на теренот зоврива и дава 100 проценти од своите сили. И за него има интерес од странски клубови, но мала е веројатноста Силекс да се откаже од неговите услуги.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска30
mod_vvisit_counterВчера3822
mod_vvisit_counterОваа недела7590
mod_vvisit_counterМинатата недела27477
mod_vvisit_counterОвој месец84628
mod_vvisit_counterМинатиот месец107871
mod_vvisit_counterВкупно10671905
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.