gogo

A+ R A-


Денес во 17.30 да го поздравиме новиот футсал-прволигаш КМФ Кратово

Неколкугодишниот труд на петнаесеттина луѓе, фудбалери, тренери и управа, конечно е награден соодветно на вложениот труд. Футсал клубот КМФ Кратово од следната сезона ќе игра во елитата, во првата македонска футсал лига, таму каде реално и припаѓа. Промоцијата е денес во 17.30 часот, во спортската сала во Кратово, каде кратовци ќе го одиграат последниот меч со Мал Ајакс. А потоа ќе следи големата прослава, кревањето на победничкиот трофеј. Како што е редот, момците заслужуваат полна сала, поддршка од публиката и победничко шампањско. 
Во година во која кубурат со финансии, изборија пласман во елитата, малку потпомогнати и од нашите иселеници во Чикаго, кои собраа средства за нова спортска опрема. Се надеваме дека во следната сезона пари ќе има доволно, а престојот во елитата нема да биде кус. Фотографија на Кмф Кратово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.